Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, попладнево беше на средби со граѓани на повеќе локации во населба Карпош и на ул. Боро Соколов, каде разговараа за тековните проблеми и потреби на граѓаните.

Со чесен и искрен пристап за развој на општината ги обединивме сите и сè поголем број граѓани се приклучуваат на граѓанската иницијатива, граѓани од различни етникуми, возрасти, со различни идеи и размислувања. На претстојните локални избори, во Куманово победува концептот на слободната мисла, на чесниот и искрен пристап. Во Куманово победуваат Кумановци!-  порача Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.