Јас сум социјалдеморкрат и ќе останам социјалдемократ по убедување, реагира Максим Димитриевски на прес-конференцијата на СДСМ на која партијата порача дека тој лажно се претставува како социјалдемократ.

Можете колку сакате да измислувате, но фактите се дека „За наше Куманово“ е граѓанска опција, која ги обединува сите кумановци и работи исклучиво во нивен интерес. Убеден сум дека во недела граѓаните ќе издвојуваат голема победа и ќе покажат пркос на притисоците кои не потсетуваат на режимот против којшто се боревме. Немате потреба да ми лепите етикети, бидејќи имам само една етикета, а тоа е граѓанин на Куманово, сегашен и иден градоначалник на Куманово, вели тој во реакцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.