Длабоко сум разочаран во демократскиот капацитет на раководството на мојата партија во Куманово, тоа што вчера се случи е несвојствено за СДСМ“, вели во изјава за „Локално“ градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во врска со неговата елиминација од кандидатурата за нов член на Централниот одбор на партијата.
-Апсолутно го разбирам незадоволството на делегатите и членовите и заедно со нив ќе ги искористам во рамки на статутот на партијата сите правни капацитети оваа неправда да биде корегирана бидејќи паријата им припаѓа на сите членови и истата претставува здружение на граѓани кои се здружиле да реализираат заеднички цели. Во ниту еден случај партијата не е акционерско друштво кое припаѓа на поединци и или група блиска до нив по различна основа користејќи ги јавните функции да вршат притисок врз обичните членoви во делот на носењето на одлука, вели градоначалникот на Куманово.
Потребно е, посочува тој, да се почитува мислењето на целосното членство во делот на ваквите постапки при предлагање на кандидати, а да не се наметнуваат решенија по принцип „јас тебе војводо, ти мене сердаре“.
-На конференцијата понудив решение да се надминат различните ставови со тоа што конкретно јас, Спасовски, Костовски, Тасевска како носители на државни функции кои по функција присуствуваат на седниците на Централниот одбор на партијата да бидат повлечени од истите за да оставиме простор на нови челнови и кандидат за афирмација на партијата. За жал не постоеше демократски сенс да бидам ислушан. СДСМ не е ничија сопственост, сме биле заедно во многу тешки моменти и ќе направам се што е во моите рамки и можности да останеме заедно до крај, но притоа поединци ќе треба да доживеат драстични промени за да се извади општинската организација од нивно заложништво, вели Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.