Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, на Алсат М телевизија истакна дека граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ води фер кампања и исклучиво позитивна кампања од самиот почеток.
Уште кога ги собрав потписите, ги повикав сите раководители во општината да бидат ослободени и растеретени. Лично и индивидуално право е секој како ќе работи на овие избори и каде ќе се определи, да си ја сработат општинската работа.
Обвинувањата од другата страна се многу лажни. Оливер Илиевски вели дека пола администрација е на боледување, вчера проверив. Двајца има само на боледување, едниот позитивен, а другиот е на оправдано боледување. Имаме неколку луѓе кои се на годишен одмор, но, тоа не е случај со претставниците на централната власт.
Најгрубо кршење на централната власт, цело Министерство за внатрешни работи е ставено во функција на изборниот процес во Куманово. На денот на изборите тоа беше хаос невиден, луѓе од 6-та управа пред гласачки места на денот на гласањето со списоци во раце. Се е фотодокументирано. ОБСЕ, ОДИХР е известен. Релевантните амбасади се известени.
Повеќе случаи пријавени, кривични дела, пријави, изнуди на поткуп, дополнително докази дека се директно луѓето поврзани со штабот на господинот Илиевски. Притисоци врз луѓето, во јавната администрација, вработени во детски градинки, училишта, собирање на списоци за гласање. Но, како и да е повторно веќе граѓаните одлучија во првиот круг, а во недела тоа ќе го потврдат, бидејќи Кумановчани не функционираат под притисок и го покажуваат тоа на денот на изборите“, вели Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.