На споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна Спомен костурница, денеска започна одбележувањето на 11 Ноември, Ден на ослободување на Куманово.
11 Ноември нè потсетува на вистинското значење на зборот слобода. Нè потсетува дека животот е борба, во која не треба да се откажуваме затоа што слободата нема цена. Денеска, на споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна Спомен Костурница положивме свежо цвеќе по повод Денот на ослободување на Куманово со пригодна програма. Народноослободителната и антифашистичка борба е нашата гордост. Борците од НОБ се хероите кои ни создадоа македонска држава и ни оставија аманет да ја чуваме, негуваме и унапредуваме Македонија. Борците од НОБ се најзаслужни што денеска имаме своја држава. Наше е денеска да ја штитиме македонската историја, јазик и идентитет. Да чуваме и да се гордееме со неа, затоа што отсекогаш македонскиот народ бил на вистинската страна. Гордо продолжуваме по нивниот пат. Продолжуваме заеднички да ја градиме и развиваме Македонија. Продолжуваме заеднички да го подобруваме Куманово. Продолжуваме заеднички да создаваме европска и модерна општина, рече Димитриевски.
Традиционално, бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот: претставници од Сојуз на борци од Народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, градоначалник на Општина Куманово, Совет на Општината, Општините Прилеп и Крива Паланка, Министерство за одбрана и Генерал штаб, СВР, амбасадор на Република Унгарија, делегации на Амбасадите: НР Кина, Русија, Украина, Романија, Катар, на Меѓународна организација за миграција, делегации на збратимени градови: Бијелина, Р.Српска-БИХ, Беране, Црна Гора, Нови Сад, Р.Србија, на политички партии, општински училишта, јавни установи и претпријатија, здруженија на граѓани, невладини организации. Пред присутните со пригоден говор се обрати претставник од ЗАПВАРС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.