Како скандалозно и очекувано, го коментира поранешниот премиер и пратеник Емил Димитриев тоа што веќе една година НАТО не му дава безбедносен сертификат на кандидатот за воен претставник на Македонија во Алијансата, полковникoт Зоран Секуловски.
Иако беше укажано дека решението за воен претставник во НАТО на Министерството за одбрана е проблематично, времето ја потврди тезата. Намерата не ми е лична критика на офицерот, туку реакција за непотребната провокација со предлог офицер кој во АРМ се ангажира дури 1994 година, четири години по независноста, што за таа професија доволно зборува. Нашата армија има голем број квалитетни офицери со завршени највисоки НАТО школи кои ќе беа подобар избор за прв воен претставник во НАТО како земја членка, вели Димитриев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.