Реформите во областа на безбедноста и разузнувањето се еден од клучните приоритети на Република Македонија за наше членство во Европската Унија и НАТО, од една страна, а од друга страна се неопходност за градење на ефикасни институции кои ќе бидат во функцијна на државата и граѓаните. Во однос на двата закони кои што се предложени, законот за трансформација на УБК во нова Агенција за национална безбедност и законот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница, ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период имаше проактивен и конструктивен пристап“, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев.

Тој напомена дека „Во целиот процес на негово носење и на двата закони ние бевме вклучени со наши предлози и идеи секако имајќи ги во предвид размислувањата на експерите и стручната јавност, но и имајќи ги во предвид и досегашното минато искуство од функцинирањето на овие две институции. Резултат од тој наш однос се усвоени над 60 амандмани од кои најголемиот дел се по предлог на опозицијата, односно на ВМРО-ДПМНЕ“.

Ќе набројам неколку области кои што се изменети во однос на првичниот текст. Првата област која што сакам да ја напомена и која е логично да биде прва за нас како пратеници, а тоа е јакнењето на парламентарниот надзор врз новата Агенција за национална безбедност. Повеќе за Собранието преку совето надзорно тело нема да постојат тајни фондови кои што ќе бидат недостапни за контрола и за надзор. Со усвоените амандмани тајните фонодви на управата за безбедност и контраразузнавање ги ставаме на увид на надзорното тело. Исто така и целокупното финансиски работење на новата агенција ќе биде предмет на наконтрола на надзорото работно тело. Во однос на јакнењето на надзорот од страна на Собранието е тоа што раководителот на внатрешната контрола на новата агенција за национална безбедност ќе биде именуван на предлог на директорот меѓутоа соодветно на добиена согласнот од надзорното тело во Собранието. Ова е предлог затоа што сметаме дека радководителот на внатрешната контрола треба да биде човек со многу силен интегритет и професионален однос да не зависи од тој што го именува“ – рече Димитриев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.