Треба да видиме дали сите тие 188 телефонски броеви се следени врз основа на судски налог, изјави денеска претседателот на Комисијата за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, Емил Димитриев.

За секој број мора да постои наредба за тој број да биде предмет за следење на комуникациите.Комисијата има право да гледа анонимизирана наредба, таму не се гледа телефонскиот број туку се гледаат други податоци, додека ОТА ги има сите податоци.Нас во овој момент ни беше важно дали сето тоа што е предмет на следење на комуникациите е врз основа на судска наредба, изјави Димитриев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.