Гордана Димитриеска Кочоска, поранешната заменичка-минситерка во техничката влада го прашува актуелниот министер за здравство Венко Филипче каде исчезнаа една третина од македонскиот буџет.
Венко Филипче, твојте театрални настапи кои ти ги спрема дружината за односи со јавност веќе не поминуваат.
Те прашувам како универзитетски професор, не се срамиш од таквото однесување? Секој ден имаш стотици новозаразени, имаш смртни случаи, а ти твојата неспособност ја криеш зад опозицијата? Па да, тебе те изненади снегот во јануари. Одговорен менаџер секогаш има по неколку сценарија кога сака да стигне до својата цел. Твојата цел која е? Да го спасиш народот или да ги наполниш џебовите?, вели Димитриеска Кочоска од ВМРО ДПМНЕ.
Таа пред некој објасни дека нејзиниот потпист не бил задолжителен според законот, нешто за што ја обвинува Филиче, кога говори дека поради тоа што таа не го потпишала кредитот од Светска банка, во Македонија се доцни со изградба на ковид-центрите во 16 града.
Ти пишав и пред некој ден дека МОЈОТ ПОТПИС НЕ БЕШЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН. Исто така те прашав зошто Нина не го потпиша кредитот пред избори?
А сега те прашувам што им направивте на 1,1 милјарда евра кои ги потпишав токму за корона кризата. Каде исчезна 1/3 од македонскиот буџет. Дали ти човеку знаеш колку пари се тоа и дали си свесен колку си неспособен?
Денес ќе те поздравам со уште еден факт. Еврообврзницата ја побаравте на 800 милиони евра, а на крајот зедовте 700 милиони евра. Ти добро знаеш дека каматата на еврообврзницата иако повисока во однос на каматите во тој период, сепак беше пониска отколку каматата на кредитот од светска банка.
Зошто се одлучивте да земете 100 милиони помалку а поевтини од овие 90 милиони?
За крај, дај оставка спаси го народов, вели Димитриеска Кочоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.