Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, е третиот човек кој седна на тркалезната маса заедно со премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Присуството на Ковачевски на средбата во Клубот на пратеници е важно, особено откако ТВ21 синоќа објави дека на денешната средба помеѓу Заев и Гаши ќе има три столчиња, а на третото, како што објави телевизијата, најверојатно ќе седне идниот мандатар, односно новиот претседател на СДСМ.

Средбата е најавена од вчера, а како што кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески синоќа на ТВ 24, Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива и со други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.