Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) изградиле единствено мислење во врска со продолжување на изборниот процес кое денеска треба да биде доставено до претседателот на државата Стево Пендаровски.
Според информациите од ДИК на МИА, членовите на Комисијата се состанале вчера по средбата со шефот на државата, и се согласиле дека сите одлуки што треба да се носат во врска со предвремените избори и продолжување на изборниот процес во контекст на мерките за коронавирусот треба да бидат согласно Изборниот законик и постоечките закони.
Комисијата, според информациите на МИА, смета дека Избирачкиот список мора да се преработи во согласност со технологијата за негова обработка, која е опишана во Законот и со точно пропишани рокови.
Членови на ДИК, за МИА потенцираат дека Владата мора да донесе правен акт по кој Комисијата ќе постапува во којшто ќе бидат вклопени и активностите поврзани со Избирачкиот ссписок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.