Државната изборна комисија на денешната седница ја поништи предложената измена на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Предложената измена, која сега е поништена, предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен пропуст од страна на избирачкиот одбор. Во оваа ситуација за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат.

Од ДИК објаснија и дека предложената измена донесена вчера, произлегува од пресудата на уставниот суд да прогласи ливчиња без печат за важечки, поради што на едно избирачко место во Шуто Оризари ќе има прегласување.

Втор круг од локалните избори ќе има во 44 општина, а покрај во Шуто Оризари, прегласување ќе има и на едно избрачко место во Дебар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.