Државната изборна комисија (ДИК) на седница одржана во петокот одобри уште 347 акредитации за набљудување на вториот круг од локалните избори, а на дневен ред на седницата беа и постапувањата по приговорите за заштита на лично избирачко право и постапување по приговори на гласачите кои се одбиени за гласање како болни и немоќни лица.

ДИК одобри акредитација како дополнување на уште 221 набљудувач од Аксиос 2017, дополнување на 125 набљудувачи од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце, како и за едно лице од Амбасада на Кралството Шпанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.