Најголема излезност за претседателските избори во дипломатско конзуларните пртставништа (ДКП) во Европа засега има во Прага, 23,4 отсто, а најниска во Истанбул, 3,57 проценти, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.
Како што рече Гугуческа на првата прес-конференција за изборите, гласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67. Излезноста во ДКП-ата до 18:30 часот во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти. Гласачките места во САД и Канада ќе бидат отворени во 19 часот.
Вкупно 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари го следат гласање за претседателските избори во земјава – нагласи Гугуческа и потсети дека право на глас имаат 1.808,131 граѓани, а во 32-те дипломатско конзуларни претставништа се пријавиле 1.781 гласач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.