Државната изборна комисија ја презакажа седницата што требаше да почне во 14:30 часот. Во известувањето од прес-службата на ДИК не се посочува причината за презакажувањето, туку само дека јавноста навремено ќе биде информирана за новиот термин.

ДИК, според владината уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието, треба да продолжи со организација на изборниот процес, да го подготви и објави ревидираниот Роковник.

По распишувањето на изборите на 15 јули, ДИК треба да ги преземе и сите останати технички и административни активности за подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик и владината уредба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.