Откако на ДИК вчера му недостасуваа 2013 гласачки ливчиња, а за кои медиумите нотираа по објавениот „Заклучок за објавување на резултати од гласањето“, денеска Комисијата го коригираше записникот. Велат станувало збор за технички грешки при објавување на бројките.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња – сега соопштија дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки. Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.