Портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска на редовната прес конференција која сѐ уште е во тек информираше дека излезноста во вториот круг од локалните избори до 17:00 часот, на ниво на цела држава, изнесува околу 42,85%.

Меѓу општините со највисока излезност се издвојуваат Вевчани, 75,6%, Конче 73,15 и Ранковце 71%, а најниска излезност до 17:00 часот е забележана во Сарај 23,41, Шуто Оризари 28,48 и Боговиње 30,23.

Што се однесува до Скопје, ДИК информираше дека до 17:00 часот излезноста е околу 40%. Меѓу општините со највисока излезност се издвојуваат Карпош 47,05, Аеродром 42,37%, Ѓорче Петров, 40,73, Гази Баба, 38,18 и Бутел 36,65%.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.