Државната изборна комисија (ДИК) ја одржа 26. седница на која едногласно беше усвоено Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, кое произлегува од новите измени на Изборниот законик.

Една од измените е дека граѓаните можат да гласаат со истечена лична карта, која им е истечена од денот на распишување до денот на одржување на изборите – соопшти потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Како што појасни таа, втората измена е дека граѓаните ќе можат да гласаат со патни исправи, но според измените на Законот за патни исправи, важноста на патната исправа ќе се смета со рок на важност од 31 јули 2020 до 31 декември 2021 година

Третата измена е по препорака на ОБСЕ, која и пратениците ја прифатија, а се однесува на тоа граѓаните кои не се во Избирачкиот список, а ги исполнуваат условите да гласаат на денот на изборите по добивање решение од ДИК, по поднесен приговор за заштита на личното изборачко право и откако Општинската изборна комисија ќе утврди дека граѓанинот ги исполнува условите, дента да биде запишан во Избирачкиот спискок или по добивање пресуда од Управниот суд, дента на тие граѓани ќе им се дозволи да гласаат и Избирачкиот одбор со добиени копиии од решението ќе ги запише во Избирачкиот список и ќе им овозможи да гласаат – изјави Шеху.

Според членот на ДИК, Борис Кондарко, бидејќи главните дејствија се поврзани со утврдување на идентитетот на гласачот со воведувањето на новиот начин на идентификација на граѓаните со отпечаток на прст, главната работа се базира околу употребна и управување со уредот на избирачкото место од страна на претседателот на Избирачкиот одбор или неговиот заменик, кои ќе имаат посебни идентификациски смарт картички и единствено тие ќе бидат овластени за управување со уредот за биометриска идентификација.

Заради поголема заштита на процесот и поголема сигурност и транспарентност со ова Предлог-упатство се предвидува претседателот на Избирачкиот одбор и неговиот заменик да бидат присутни за време на целиот ден на гласањето, особено пред отворањето на гласачките места и по завршувањето на гласањето и утврдувањето на резултатите од гласањето, со меѓусебен договор за редовни паузи во текот на денот – информира Кондарко.

Како што додаде тој, ова е новина која произлегува од потребата од новиот начин на идентификација на гласачите и ќе биде посебно применета на обуките кои се прават на целата изборна администрација во однос на целата постапка на гласањето.

Членовите на ДИК на седницата едногласно ги усвоиле Предлог-прирачникот за едукација на Општинските изборни комисии и Предлог-прирачникот за едукација на избирачките одбори.

На седница едногласно се усвоени и измените на Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиум (интернет портали), а е усвоено и барањето за пет набљудувачи на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС – Канцеларија во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.