Државната изборна комисија ги обработи сите гласачки места во Пласница, каде на вонредните избори за градоначаник, според неофицијалните првични резултати од електронскиот внес, излегле 1.974 од 4.954 вкупно запишани гласачи или 39,85 отсто.

Од нив за кандидатот Алија Јахоски од ДУИ гласале 1.696 граѓани или 85,92 отсто, додака за неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците гласале 11,70 отсто или 231 гласачи.

Во Пласница има 47 неважечки ливчиња или 2,38 отсто.

Јахоски, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласија победа веднаш по затворањето на гласачките места.

Јахоски е брат на досегашниот долгогодишен градоначалник на Пласница, Исмаил Јахоски, кој стана пратеник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.