Од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места на денешните локални избори, до 11 часот гласале вкупно 135.906 гласачи, односно 10,22 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска.
Општини со најголема излезност на граѓаните се Новаци каде до 11 часот на гласање излегле 25,84 отсто, по што следат Крива Паланка со 20,44 проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17.51 отсто…
Најмала излезност до 11 часот има во Врапчиште со 4,92 проценти.
Гугучевска кажа дека на одредени избирачки места не функционирале фингерпринт апаратите поради две причини – лошо ракување и лош квалитет на базата на податоци.
Во однос на прекините на избирачките места, доколку прекинот траел помалку од еден час гласањето продолжува нормално и ќе заврши до 19 часот. Доколку траел од еден до три часа ќе се продолжи гласањето за онолку за колку што траел прекинот, а ако гласањето е прекинато повеќе од три часа гласањето нема да продолжи, но таков случај немаме евидентирано – изјави Гугучевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.