Методологијата на Евростат е јасна – се попишува резидентното население, дијаспората се евидентира и не влегува во вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ нема да признае резултати кои не се во согласност со евроските практики, изјави вчера во телевизиско интервју претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Се знае што е прифатлив попис на населението и домаќинствата според методологијата на Евростат. Точно се знае што значи евиденција на дијаспора, точно се знае што значи попис на резидентно население. ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе признаеме резидентно население, односно коешто ќе се попише тука меѓу 5 и 30 септември. Останатото е дијаспора што се евидентира – рече Мицкоски.

Со ова, практично паѓа во вода инсистирањето на ДУИ да се попише дијаспората како резидентно население за да се прикажат нереални бројки на албанско население. Уште повеќе, станува јасно дека кампањата на ДУИ, предводена од машинеријата Артан Груби – Бујар Османи, е само манипулација за да се задржат привилегиите и луксузот кои произлегуваат од државните функции. Јасно е дека ДУИ на чело со Артан Груби и Бујар Османи ги слоупотребува чувствата на Албанците и хранејќи го со национализам гласачкото тело си обезбедува уживање на власта наместо нејзино спроведување во корист на гласачите.

Изјавата на Мицкоски предизвика силна реакција на главните пропагатори на ДУИ, но и од Беса и албанската опозиција иако законот е јасен дека се попишуваат само граѓаните кои не се одјавиле од Македонија, а се отсутни помалку од 12 месеци. Оние, пак, кои повеќе од 12 месеци пред почетокот на пописот се одјавиле од Македонија, само се евидентираат.

Изет Меџити од ДУИ вели дека ова е само уште еден доказ зошто ќе гласа против одложувањето на пописот. За Бујар Османи и Артан Груби, пак, дијаспората е неразделив дел од нашето општество. Арјанит Хоџа од Беса вели дека Мицкоски може да зборува што сака, но едно е сигурно дека конечниот број на попишани е бројот на сите попишани граѓани во земјава и надвор од неа, а за Халил Снопче од АА, пак, Заев и Мицкоски „се борат кој ќе поентира повеќе како поголем Македонец со екстремни противзаконски изјави триумфирајќи врз Албанците“.

Овие изјави се само уште еден доказ дека за Албанците пописот не е статистична операција, туку политичка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.