Со дезинфицирани икони, но со една лажичка за причесна, црквите денеска ги пречекаа правослвните верници на причесна пред Велигден. Пред Соборниот храм се чека ред за влез, а слична е сликата во повеќето цркви низ Македонија.



Вчера МПЦ повика ноќта на Христовото Воскресение верниците да излезат на балконите и да запалат свеќа, но ни тие ни власта не ги затворија храмовите за време на велигденските празници. Црквите ќе работат и утре, а оние што ќе се одлучат и покрај сите препораки да не го прават тоа, да отидат и да се причестат, ќе можат да ги посетат до 16 часот, од кога почнува полицискиот час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.