Специјално овластен оператор денеска спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата.

Како што информира владината прес-служба мерката за дезинфекција е извршена врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата и Министерството за здравство, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот.

Дезинфекција се спроведе и во резиденцијалните објекти на претседателот на државата и на претседателот на Владата, во угостителските објекти на државните институции, во магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата, се наведува во соопштението.

Оваа мерка, како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце, информираат дека ќе продолжи и понатаму со цел спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.