Уште 12 новозаразени од Ковид 19 во Скопје во текот на денешниот ден, со што бројот на активни случаи достига 204, а вкупно заразени досега се 725, информираа од министерството за здравство.

Според информациите на „Фокус“, дури девет од заразените се од скопската општина Чаир и по еден од Гази Баба, Кисела Вода и Карпош, а сите девет заразени од Чаир се од иста фамилија.

Во последните десетина дена, Чаир, Гази Баба, Бутел и Сарај се најголема мета на опасниот вирус Ковид 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.