Познат скопски бизнисмен бил мета на рекет од страна на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Кичеец – дознава Лидер од извори на истрагата.
Според извори на Лидер, бизнисменот го пријавил случајот откако осомничените и пристапиле на неговата сопруга и на неколку средби со него им побарале 8 милиони евра за ослободителна пресуда или 5 милиони евра за поблага пресуда.
Јовановски и Милески, успеале да му извлечат 1.5 милиони евра, а порталот Лидер објавува дека во рекетот биле вмешани и неколку политичари од владејачката СДСМ со кои Јовановски е во постојана комуникација и блиски односи.
Економски Лидер од извори во истрагата дознава дека денешната оставка на Јанева е поврзана токму со апсењето на Јовановски и Милески, затоа што, двајцата изнудувале пари од познат бизнисмен за да стопираат истражна постапка на Специјалното Јавно Обвинителство. Неофицијално, Лидер повикувајќи се на свои извори објави дека се работи за рекет поврзан со случајот Империја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.