Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 7 до 13 септември, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-Ков-2, 14.2% помалку во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (n=136; 19,3%), 40-49 (n=107; 15,2%) и 20-29 (n=98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=19; 2,7%) и 10-19 години (n=36; 5,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6%) хоспитализирани што е намалување од 3,8% во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 221 (31,3%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-Ков-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојба со Ковид-19 во Република Македонија 7 -13.09.2020 како и Кумулативна состојба со Ковид-19 во Република Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827,  бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6326, активни 540

• Куманово 1605, активни 190

• Дебар 268, активни 3

• Штип 1205, активни 72

• Прилеп 562, активни 133

• Тетово 1304, активни 117

• Струга 627, активни 63

• Велес 288, активни 18

• Битола 245, активни 47

• Охрид 395, активни 58

• Кавадарци 202, активни 30

• Гостивар 856, активни 93

• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 103, активни 44

• Крива Паланка 83, активни 38

• Радовиш 52, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 189, активни 53

• Пробиштип 95, активни 18

• Демир Хисар 60, активни 1

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 73, активни 30

• Валандово 11, активни 3

• Виница 94, активни 29

• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 309, активни 19

• Кичево 290, активни 29

• Ресен 153, активни 6

• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје

• Чаир – 53

• Гази Баба – 73

• Аеродром – 91

• Карпош – 67

• Центар – 71

• Кисела Вода – 56

• Ѓорче Петров – 22

• Бутел – 37

• Шуто Оризари – 12

• Студеничани – 10

• Сарај – 17

• Арачиново – 9

• Илинден – 10

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 4

• Зелениково – 1

• Странец – 3

• Нераспределен-0



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.