Само неколку часа пред истекот на рокот, Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.
Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството. Одлуката не е лесна. Предизвикот е голем, времето е доста комплицирано и одговорноста е голема, рече Деспотовски вчера во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во Дирекцијата на ТИРЗ.
Досега четворица кандидати се пријавија за претседател на СДСМ. Покрај Деспотовски, кандидатури поднесоа поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски, заменик министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски и Властимир Алексовски кој е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.
Инаку, рокот за поднесување на кандидатурите истекува денеска во 16 часот, можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.