Сериозно размислувам да се кандидирам за лидер на СДСМ, изјави денеска Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на партијата.
Утре ќе ја соопштам конечната одлука. Сакам да се консултирам и со семејството. Сепак ги вовлекувам во ова. Сметам дека имам резултати и можам да понудам добар концепт. Не е лесна одлука, напротив е комплицирано време и треба да е со концепт и знаење, изјави Деспотовски.
Такво нешто вчера најави и поранешниот организациски секретар на владеачката партија, Миле Зечевиќ, а кандидатури веќе поднесоа заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и поранешната пратеничка Фросина Ременски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.