Директорот на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски информира дека утре ќе донесе одлука дали ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата.

Одлуката е само моја и ќе се консултирам со моето семејество и ќе го почитувам нивното мислење, затоа што и тие влегуваат со мене, доколку станам лидер на партијата, рече Деспотовски во емисијата „Клик плус“.

Тој вели дека не зборувал, ниту се консултирал со премиерот Зоран Заев околу неговата одлука, ниту дека контактирал и барал мислење од поранешните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска и Владо Бучковски.

Роден сум во Скопје, израснав тука. Долго време сум бил дел од партијата, уште од времето на Црвенковски. Ги познавам работите во партијата. Ако има повеќе кандидати, можен е втор круг на внатрепартиските избори. Ако една личност не освои повеќе од половина гласови, тогаш најдобрите двајца ќе одат во втор круг. Тоа го предвивува статутот на партијата, изјави Деспотовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.