Министерката за правда Рената Десковска најави дека до Владата ќе предложи уредба со законска сила со која ќе биде укинато годишното финансирање на политичките партии, за средствата кои треба да им се исплатат оваа година.
Политичките партии, според Законот за финансирање на политичките партии добиваат 0,15 отсто од државниот Буџет.
Во конкретни бројки, тоа се од 4,5 милиони до 5 милиони евра, во зависност од годишниот буџет.
Најголем дел од овие средства или 70% од овие средства обезбедени од државниот буџет добиваат партиите што освоиле пратеници или советници на последните избори, пропорционално со бројот на пратениците или советниците што победиле.
Останатите 30% рамномерно ги делат сите политички партии што освоиле најмалку 1% од гласовите на последните парламентарни или локални избори.
Покрај тоа, државниот буџет предвидува уште по околу 280.000 евра за годишно финансирање на истражувачко-аналитички центри на политичките партии што функционираат како дел од внатрешната организација на партијата.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.