Власта и опозицијата едносгласно се согласија дека на денешната средба не успеале да постигнат доближување на ставовите по точките за кои имаат крупни разлики.
На прес-конференцијата по средбата министерката за правда Рената Дескоска рече дека преговарачките тимови на средбата разговарале за точките кои се разликуваат во предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ и оној на Владата, кој е веќе испратен во Собранието.
За жал, решенија кои многу лесно го карактеризираат нивниот закон како ретрограден и сталинистички беа позиции од кои тие не отстапија на денешните преговори. Една од точките е дека бараат целосна строга централизација на системот на јавното обвинителство. Тоа значи манатите на 27-те обвинители носители на јавнообвинителската функција во Македонија да завршуваат со завршувањето на мандатот на јавниот обвинител Јовески или кој било друг да биде државен обвинител. Тоа носи силна централизација и значи парализирање на системот, рече Дескоска.
Ставовите не успеале да ги доближат ниту за прашањето за статусот на СЈО, на обивнителите, на вработените и на предметите.
ВМРО бара да дојде до целосно демонтирање на структурата на ова обвинителство, но за жал и на Јавното обвинителство за органзиран криминал. Значи, неизвесна е судбината на сите вработени во СЈО и во Органзиран криминал. Се бара на сите да им престане работниот однос и плус се бара предметите кои ги водеше СЈО по истекот на 18 месеци да не бидат надлежност на новото обвинителство, рече Дескоска.
Следната средба најверојатно ќе биде по 15 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.