Кога текстовите се средувале од стручните служби се направени технички грешки кои ги направиле службите во брзање и кога согледавме дека има проблем, беше испратен допис за грешките да се исправат.
Ова е објаснувањето што министерката за правда Рената Дескоска вчера го даде пред јавноста за повлекувањето и носењето на нов текст за Законот за ЈО и Законот за Совет на јавни обвинители.
Но, новите текстови содржат многу повеќе од „технички грешки“.
Примена на Законот за јазици во работата на Советот на обвинители и Бадентер при изборот на обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал се само дел од одредбите кои ги нема во верзијата што ја повлече Владата, а се подметнати во новата верзија.
1.
Во предлог-законот за јавно обвинителство разликата е во последниот член 113. Во законското решение што го повлече Владата пишуваше дека актот влегува во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, а се применува од 30 јуни 2020 година.

2.
Во предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, пак, разлика се забележува уште во членот 1. Во повлечената верзија, членот 1 гласи:
Член 1 во новата верзија на предлог-законот со исто име има сосема различна содржина и се однесува на примена на одредбите од Законот за јазици во работата на Советот на јавни обвинители.
Видлива е и промената во предложените измени на член 41 од Законот за Советот на јавни обвинители, кој сега гласи:


Сега во новата верзија воопшто ја нема таа одредба, а наместо неа, примената на двојното бадентерово гласање е предвидено и при изборот на обвинители во Обвинителство за гонење организиран криминал. Ова е таа нова одредба:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.