Премиерот Заев и министерката за правда Рената Дескоска денеска беа на средба со лидерите на две албански опозициски партии, Зијадил Села и со Билал Касами, а тема на разговорите бил новиот закон за СЈО.
Талат Џафери истакна дека и да се договорат партиите за СЈО деновиве, тој нема да закаже седница за гласање на закон кој се носи со двотретинско мнозинство, туку тоа ќе го направи по 6 мај 2019 година, по завршувањето на претседателските избори, бидејќи не сака да ризикува на тие седници да се води предизборна кампања.
Јас не знам какви се размислувањата на претседателот Џафери, но можам да кажам дека она што доаѓа од Владата, е ако се постигне согласност и се договориме за Законот за Јавно обвинителство, во најскоро време тоа да биде преточено во закон и да биде ставено на седница на Собранието, зашто тоа е услов за добивање препорака од Европската комисија, вели Дескоска.
Вечерва ќе има нова средба закажана за во 18 часот на која власта и опозицијата повторно ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно Обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.