Во случај 80 пратеници да не гласаат за донесување на Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на СЈО, владата решенијата за СЈО ќе ги решава преку измени на Законот за совет на обвинители кој се носи со 61 глас, најави денеска министерката за правда Рената Дескоска откако Собранието ја изгласа потребата од носење на законот по скратена постапка.
Таа додаде дека во Законот за советот на обвинители може да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција.
Министерката го отфрли барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзина оставка.
Дескоска претходно од собраниската говорница порача сите пратеници да стиснат зелено копче за законот за ЈО, кој од денеска е во собраниска процедура и ќе се носи по скратена постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.