Претпладнево во голема полициска акција, буквално од столчињата на работните места во МРТВ во секторот за управни работи, за пасоши и за лични документи, се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од синџир за фалсификување патни исправи и лични документи. Aкцијата сѐ уште е во тек, а детали oд Министерството за внатрешни работи најавуваат по нејзиното завршување.
Станува збор за аферата која вчера и денес ја открија од ВМРО-ДПМНЕ, во која обвинија дека власта им издавала македонски пасоши и документи со лажен идентитет на познати наркобосови.
Истрагата и следењето на групата што прави и кому издава лични документи со краден идентитет, траеле повеќе од година, а биле спроведувани во координација со Канцеларијата за истраги на Амбасадата на САД и Интерпол.
Министерот Оливер Спасовски обвини дека прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема кои се одржаа вчера и денеска биле обид за саботажа на акцијата, но дека за среќа, безуспешен.
Мицкоски на денешната прес-конференција, пак, рече дека ако ја спроведувале во последните година дена тогаш требало да ја спроведат.
Дај Боже стално вака да ги саботираме и да ги инспирираме да ги завршуваат акциите но треба да почнат од себе, не да почнат од службеникот или службеничката што зема оттисок од прст и фотографира. Бидејќи на нив им било така кажано од други структури, затоа што немојте да ме убедувате дека тој службеник знае кој е Јован Вукотиќ или уште помалку знае кој е Георги Андонов. Или пак Седат Пекер, а уште помалку знае кој е Џадин Адемовски и уште такви стотици лица, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.