Откако во текот на вчерашниот ден се регистрирани 316 нови случаи на Ковид-19, вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се искачи на 194.891.

Истовремено, со регистрираните 10 починати лица во изминатото деноноќие, вкупниот број на жртви од епидемијата се искачи 6.831.

Од министерството за здравство информираат дека бројот на активни случаи изнесува 7.029. Од нив, најмногу активни случаи има во Скопје – 3495, Куманово е на второ место со 636, во Велес има 297, во Охрид 233, во Штип 232…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.