Со денешната свеченост во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје свечена заклетва дадоа питомци од 25. класа, а во прв офицерски чин беа промовирани питомците од 21. класа на Академијата.

Воената академија го отвора патот за извонредна кариера во служба на својата земја. Денеска добивме 23 нови офицери – 10 девојки и 13 момци кои ја завршија Воената академија, и ќе бидат пример за новата класа питомци кои го започнуваат школувањето. Меѓу вас се идните лидери на Армијата. Ви честитам!, кажа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.