Спроведувањето на изборите со новите протоколи, донесени од Комисијата за заразни болести, ќе биде тешко, рече во вечерашната „Топ тема“ претседателот на Држвната изборна комисија Оливер Дерковски.

Некои луѓе не можат да ги сменат навиките, па додаваат масло на огнот. Не е коректно менување на одредени правила во 5 до 12. Веројатно повторно ќе прочитаме во некој од наредните извештаи на ОДИХР дека постојано ги менуваме изборните правила во несоодветен временски рок. Најмалку една година пред изборите не треба да се менуваат изборните правила, стои во извештајот, вели Дерковски.

Повтори дека во секој случај ДИК ќе стори сè за овие избори да се спроведат без проблеми.

Работиме да обезбедиме што повеќе избирачки места со поголем простор за изведување на гласањето. Скоро 3.000 избирачки места ќе бидат соодветни за изборите, а работиме на обезбедување и на други простории, изјави Дерковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.