Првиот човек на Државната изборна комисија Оливер Дерковски објаснува дека има многу нејаснотии во организирањето на овие избори.
Според него, треба да се обезбедат дезинфициони средства, маски а тоа ќе чини многу.Згора на тоа никој од Владата не ги прашал дали им се потребни дополнителни средства.

Неговата проценка е дека околу 100.000 луѓе ќе бидат потребни за изборниот ден.
Ќе се појават многу дополнителни трошоци за да се спроведат изборите.

 

Пенкалата што ги најави Заев за пет денари ние ги набавуваме за 3.5. Ние не сакаме да бидеме виновници доколку има заболени на изборите, бидејќи во таква ситуација сите ќе се тргнат-вели Дерковски.

Според него, за целосна подготовка на изборите ќе бидат потребни околу 50 дена по завршувањето на вонредната состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.