Уредбата која ја донесе владата за прекин на изборите е недоречена затоа што нашата изборна регулатива и Уставот не познава таква категорија запирање на изборните дејствија.
Имаше претходно утврден ден кој што утврдуваше кога да се одржат тие избори, тој утврден изборен ден помина и сега имаме нова ситуација кога треба со политички консензус на сите политички фактори да се изнајде решение за да се определи нов датум за изборите како би можело ДИК понатаму да го спроведе целиот процес, објаснува претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
И притоа морам да напоменам дека треба да се внимава на ново настаната ситуација, треба да се отворат многу прашања кои што сега би се поставиле околу начинот и исполнувањата на сите законски процедури понатаму во организација на изборите затоа што во тој изборен ден над милион граѓани излегуваат и го дават своето право на глас. И во самата организација на изборите учетсвуваат 35 000 членови на општинските изборни комисии меѓутоа уште најмалку толку учетвуваа во наблудување на процесот.
Дерковски во своето обраќање посочи дека многу сериозно треба да се размисли пред да се одлучи на било каков чекор понатаму во организација на изборите.
Има неколку факти кои не можат да се остранат во врска со изборите,а тоа е нема е заклучен избирачки список. Не е возможно во рок од 22 или 23 дена како што некој најавува и мисли дека е можно да се организираат избори. Има уште една пречка без разлика на уредбата е што нема датум на избори, додаде Дерковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.