Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски смета дека не е возможно изборниот процес да продолжи од таму каде што е застанат.

Едноставно не може да продолжи кампањата. Не може ниту да се заклучи избирачкиот список кој што е услов за понатамошните дејствија и за одржување на изборите, значи тој е услов за да се одржат вистински избори. Значи мора да се направи она што го кажав а тоа е ажурирање на тој список да се направат сите други дејствија кои што следуваат после тоа и да се се определи датумот за почеток на кампањата, вели Дерковски во интервју за 360 Степени на Алсат М.

(фото: принтскрин/Радио Слободна Европа)

Дерковски вели дека ги чекаат потезите на другите институци поточно Уставнипт суд да се произнесе за постоечките правни акти поврзани со изборите а потоа и политичките лидери со консензус да го одредат датумот.

Ниту е ДИК надлежна да определи датум, ниту пак ќе определи избори. Се знае кој е надлежен според Изборниот законик член 12 јасно пишува дека претседателот на Собрание носи поединечен акт со решение определува кој е датумот за оддржување на избороте. Ќе треба веројатно сите политички партии да седнат на една маса да ги договорат сите детали за како понатаму ќе се одвива овој процес, нагласи Дерковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.