Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски во изјава за Инфомакс потенцираше дека за 22 дена не е возможно да се организираат предвремени парламентарни избори.
Јас можам само да го повторам ставот на Комисијата кој го доставивме до претседателот на државата каде што јасно кажавме дека за некој 22 дена кои постојано се споменуваат низ медиумите, а никаде не ги пишува не е возможно да се организираат избори, а посебно во услови на ваквата пандемиска криза каде што гледаме дека се заостструва секој ден таа криза и каде што е јасно дека и на Комисијата ќе и треба повеќе време и ресурси за организација на тие избори, вели тој.
Покрај техничките аспекти, легалните аспекти како ажурирањето на избирачкиот список проблем е издравствениот аспект потенцираше тој. Деркоски посочува дека дека ДИК се уште нема добиено официјален здравствен протокол за денот на изборите и водењето на кампањата.
Јасно е дека освен легалниот аспект, ажурирање на избирачкиот список, активно, пасивно избираќко право кое треба да се заштити односно да им се даде можност на граѓани9те да имаат правна заштита тука и здравствениот аспект за кој е потребно време. Ние можеме да направиме напори да обезбедиме организација на тие избори и го правиме тоа меѓутоа се уште не сме добиле официјален протокол од здравствените власти за денот на изборите, деновите пред тоа и после тоа, вели Деркоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.