Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција. До 17 часот според податоците на ДИК на гласање излегле 703.597 лица со право на глас или одѕивот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.
– Очекувам до крајот на денот граѓаните да го остварат своето гласачко право и да ја легитимираат идната власт и целиот изборен процес, рече Дерковски на прес-конференцијата.
Изборниот ден, како што посочи, минува мирно, со мали, спорадични инциденти.
– Се решаваат во „од“ сите оние прашања што се наметнуваат во текот на денот и мислам дека можеме генерално да бидеме задоволни од сликата која ја имаме за овој изборен ден, рече Дерковски.
До ДИК, како што истакна, пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но, посочи, тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.
-Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти на пример во Липково и Битиола, каде про проверка и интевренции се надминале проблемите и гласањето продолжи со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче беше санкциониран од страна на МВР. исто така гласачка од Битола се обидела да изнесе од гласачкото место едно ливче и тоа исто така е санкционирано. Такви слични инциденти, кои во соработка со МВР и избирачките одбори и општинските изборни комисии веднаш се надминуваат, рече Деркоски, во одговор на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.