Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски ги повика политичките партии да го почитуваат изборниот молк и да им остават простор на граѓаните да донесат своја одлука.

Тој уште еднаш ги демантираше шпекулациите во јавноста околу броењето на гласачките ливчиња од вчерашното и денешното гласање, потенцирајќи дека броењето ќе биде во среда заедно со сите останати.

Уште еднаш ќе напоменам дека вчерашниот ден и денешниот не се бројат гласачките ливчиња. Ќе се бројат заклучно со утрешниот ден заедно со сите останаит гласачки ливчиња и ги замолувам сите и дури учесниците на оваа изборна, доволно им беше 20 дена кампања овие денови се на ДИК и денови на граѓаните. Апел, воздржете се сите оставете ги граѓаните да ја донесат својата одлука, порача Деркоски.

Тој вели дека гласањето и денеска се одвива непречено и апелираше граѓаните да не се плашат и утре да излезат на гласање.

Иако условите се прилично комплицирани сметам дека избирачките одбори досега добро си ја завршија работата. Нема никаков настан којшто би значел дека се загрозило здравјето и сметам дека така ќе помине и утрешниот ден. Граѓаните да бидат сигурни дека сите услови се исполнети за безбедно гласање, да ги почитуваат процедурите и препораките како нас така и другите. Се со цел заштита на здравјето, порача Деркоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.