Невладината Цивил медија на Џабир Дерала испрати демант и барање за извинување за текст што сме го објавиле на на 20.10.2019 година. Со оглед на тоа што текстот е поткрепен со принтскрин, фотографија и линкови од постари вести, не сфаќаме ниту што демантира Цивил ниту за што треба да се извиниме.
Интересно е дека 16 дена пред Цивил да испрати барање за демант во Република, партијата која е засегната во текстот „Христијан Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев“ го демантираше текстот и го нарече лажна вест.
Барање за извинување и објавување на демант
Невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода во целост ги демантира изнесените невистини во објавениот текст на Република online, на ден 20.10.2019 година, под наслов „Паниката на Заев небулози раѓа: Провладин медиум ексклузивно со лажни вести од лидерската“, во контекст на изнесените наводи за:
– „Неверојатна „вистина“ што ексклузивно ја дознава невладината Цивил медија на активистот Џабир Дерала…“, како и за
– „Дерала, кому не му е прв пат да пласира лажни вести во корист на СДСМ и Зоран Заев …“.
Со објавување на ваквите наводи и невистинити тврдења за пласирање на лажни вести од страна на Цивил Медиа и Џабир Дерала, се нанесува штета на угледот на невладината ЦИВИЛ и на Џабир Дерала, кои заради својата повеќегодишна професионална работа во граѓанскиот сектор, несомнено уживаат поддршка и углед од во домашната и меѓународната јавност.
Во интерес на вистината и објективното информирање, имајќи го во предвид угледот и реномето на невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода и нејзината организациона единица ЦИВИЛ МЕДИА, а со цел да се спречат последиците на, од Ваша страна, искажаните и објавени невистини, во објавениот текст на Република online, на ден 20.10.2019 година, под наслов „Паниката на Заев небулози раѓа: Провладин медиум ексклузивно со лажни вести од лидерската“, барамеведнаш, а најдоцна во рок од 2 (два) дена од денот на приемот на ова барање, да се извините и Вашето извинување, како и овој демант, да го објавите на Вашата веб страна –Република online, на ист начин и во ист обем како што беше објавен текстот под наслов „Паниката на Заев небулози раѓа: Провладин медиум ексклузивно со лажни вести од лидерската“.
Бидејќи не знаеме што барате, ви нудиме факти

Овој принтскрин е доказ дека во текстот навистина пишува дека дознаваат „неколку ексклузивни детали“, кои беа истиот ден демантирани и од ВМРО-ДПМНЕ.

A oд овој принтскрин, пак, дека веста е потпишана со иницијали Џ.Д., со кои од импресумот на Цивил медиа се издвојува само Џабир Дерала.
Дека на Дерала не му е првпат „да пласира лажни вести во корист на СДСМ и Зоран Заев“, поткрепено е во самата вест, со фотографија и со текст, кој во 2016 година, кога е објавен, Дерала не го демантирал. Но, затоа неговите пишувања ги демантирал тогашниот порпарол на СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.