Се гради модуларна поликлиника во Бутел. Работниците го поставуваат покривот на контејнерите на чиешто место првично требаше да биде изградена зграда. Здравствените власти одлучија да изградат седум модуларни објекти во пет скопски општини, бидејќи цврстите градби бараат повеќе време и се поскапи. Оваа опција им се чинела поевтина, побрза и енергетски поефикасна.
Увидовме дека овој систем на поставување модуларни амбуланти е добар и квалитетен и прилично евтин и во таа смисла се направи план, нешто за што сега и во овој момент имаме буџет, а тоа е да се заменат повеќе постојни амбуланти во Скопје, рече Филипче.
Филипче во септември минатата година најави модуларни објекти во населбите Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче. Во моментов во дрѓавата има 19 вакви болници.
Изведувачите на модуларните објекти се компаниите „Брако“ од Велес и „Ари и Том“ од Валандово. Материјалот од кој главно се градат се панели од дрво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.