Денот на ослободувањето на Штип, 8. Ноември, годинава ќе се одбележи под посебни здравствени протоколи. На онлајн седницата Советот на општината одлучи признанието „8 Ноември” да го добијат две личности и два правни субјекта.
Годинава, признанието ќе го добие универзитетскиот професор Трајче Стојанов од Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип за постигнувања во сферата од образованието и науката, Елена Голомеова, оперска певица, за исклучителен придонес за афирмирањето на Штип.
НАградата ќе ја добијата и Територијалната противпожарна единица за исклучителен придонес во противпожарната заштита на градот и Инфективното одделение при Клиничка Болница – Штип, за несебичната борба за заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија од Ковид-19.
Во недела, по повод 76 години од ослободувањето на Штип, ќе биде положено цвеќе кај споменикот на револуцијата на тврдината Исар, а потоа ќе се одржи онлајн свечена седница на Советот на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.