По повод Денот на Европа – 9 Мај, Делегацијата на ЕУ во Македонија организира настан пред платото на Градската општата болница „8 Септември“.
Настанот ќе почне во 12.30 часот со кревање на знамињата на Република Македонија и на Европската Унија, по што ќе се оддаде почит со едноминутно молчење за жртвите од Ковид-19.
Како што соопшти европската делегација во Скопје, на церемонијата свои обраќања ќе имаат евроамбсадорот Самуел Жбогар и Оливер Спасовски. На настанот ќе присуствуваат и шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче.
Настанот ќе се пренесува во живо на официјалниот канал на Владата.
По повод Денот на Европа, делегацијата на ЕК во Скопје ќе одржи и Еуротон (Eurothon), целодневна он лајн програма на социјалните медиуми на Делегацијата на ЕК и на Европска куќа.
Програмата ќе почне со интонирање на химната на ЕУ „Ода на радоста“ во изведба на студентите од музичкото училиште „Пиано арт“ од Скопје, по што ќе следуваат он лајн обраќања на евроамбсадорот Жбогар и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.