Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска ќе го отворат Почесниот конзулат на Унгарија во Штип, со јурисдикциско подрачје за целиот Источен регион во земјава. Тие ќе бидат пречекани од страна на новиот почесен конзул во Штип, Данела Арсовска.
По завршување на церемонијата на отворање на Почесниот конзулат, министрите ќе присуствуваат и на Македонско-унгарскиот бизнис форум на кој на иста маса ќе седнат компании од двете земји, со цел продлабочување на меѓусебната економска соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.