Во Министерството за образование и наука, денеска ќе се одржи средба во врска со постапување согласно заклучокот на Владата за емитување на воспитно образовна програма наменета за деца во предучилишна возраст и ученици од основно образование во периодот додека детските градинки и училиштата се привремено затворени.

На средбата ќе присуствуваат министерот за образование и наука Арбер Адеми со заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, претставници на неколку други образовни институции и на УНИЦЕФ, претставници на МРТ, претставници на граѓански здруженија и организации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.